Достапни линкови

Голем собир на турската опозиција во Истанбул


Лидерот на најголемата опозициска Републиканската народна партија Кемал Киличдароглу на „Маршот за правда“ од Анкара до Истанбул.

Неколку стотици илјади луѓе се собраа синоќа во Истабул за да го дочекаат лидерот на најголемата опозициска Републиканската народна партија Кемал Киличдароглу. Тој со неколку стотици приврзаници тргна во „Марш за правда“ од Анкара до Истанбул во знак на протест поради апсењето на еден опозициски пратеник. „Ние ќе го урнеме ѕидот на стравот“ изјави Киличдароглу по 25 дневно пешачање, наведувајќи дека последниот ден на маршот е „нов почеток“. Приврзаниците на опозицијата маршот го споредија со оној на Махатма Ганди во 1930 година против британската власт во Индија.

XS
SM
MD
LG