Достапни линкови

Заврши средбата на Порошенко и Тилерсон


Киев-претседателот на Украина Петро Порошенко и државниот секретар на САД Рекс Тилерсон на прес конференција,09.07.2017

Украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека посетата на Киев на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон е моќен сигнал за поддршката на САД за неговата земја. На заедничката прес конференција во украинскиот главен град денеска по нивните разговори двајцата објавија дека новоименуваниот американски специјален претставник за војната во источна Украина, Курт Волкер, ќе престојува во Киев неколку дена за да притисне за спроведувањето на Договорот од Минск за ставање крај на конфликтот. Тилерсон рече дека САД биле разочарани од немањето напредок во спроведувањето на две години стариот договор за што вина, како што рече, има Русија. Ова е прва посета на Украина откако Тилерсон стана државен секретар на САД.

XS
SM
MD
LG