Достапни линкови

Ирачкиот премиер прогласи голема победа во Мосул


Ирак-премиерот Хајдер ал-Абади се поздравува со војниците во Мосул, 09.07.2017

Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади им ја честиташе на државните вооружени сили победата во осум месечната битка за ослободување на Мосул, кој три години беше под џихадистите. Врховниот командант на вооружените сили, премиерот Хајдер ал-Абади пристигна во ослободениот град Мосул и им ја честита на борците- херои и на ирачкиот народ големата победа, се наведува во денешното соопштение од кабинетот на премиерот. На фотографијата објавена на неговиот профил на социјалната мрежа Твитер се гледа Абади во црна војничка униформа како пристигнува во Мосул да ја честита победата.

Поддржани од коалицијата предводена од САД ирачката војска ја почна операцијата за ослободување на Мосул во октомври.Во битката за градот кој беше најголем под контрола на милитантите, загинаа илјадници цивили, а речиси еден милион граѓани беа принудени да ги напуштат своите домови.

Властите предупредија дека иако главната битка за Мосул е завршена, милитантите се уште може да вршат повремени напади од руралните области во близина на градот во кои Исламска држава се уште има некаква контрола.

XS
SM
MD
LG