Достапни линкови

Стапува во сила договорот за прекин на огнот во дел од Сирија


Архивска фотографија-прекинот на огнот во дел од Сирија беше објавен по средбата на претседателите на САД и Русија

Стапува во сила договорот за прекин на огнот во југозападна Сирија кој беше објавен на осми јули од претседателот на САД Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон денеска соопшти дека прекинот на огнот се почитува со исклучок на некои одвоени гранатирања во областа Дараа. Сириската влада се уште не го коментираше прекинот на огнот, но неименуван владин извор за агенцијата Ројтерс рече дека молкот на Дамаск е знак на задоволството од развојот на настаните. За време на шестгодишниот конфликт во Сирија неколкупати беше прогласуван прекин на огнот но тоа не траеше долго.

XS
SM
MD
LG