Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ:СЈО нема докази за случајот ТНТ


Илустрација-седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

СЈО не смее да се става над законот и да води истражни постапки по истекот на 18-те месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност, порачаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Дарко Костовски во име на опозициската партија рече дека секој нов “прогон и тормозење” што ќе го вршеле врз граѓани, членови на ВМРО-ДПМНЕ, ќе бил противзаконски и ќе бил основ за одговорност на вработените во тоа обвинителство.

Toj додаде и дека постапката на рушење на градбата на Фијат Цаноски билазаконска, а СЈО со случајот ТНТ решавала, како што нагласи, да ги исполни желбите на Заев и политички, без докази покренувала обвинение.

“Беа направени дури три вештачења и сите три потврдија дека објектот е дивоградба и треба да се руши и дека е постапувано законски. Со цел да се направи политички спектакл, СЈО покрена обвинение за сосема законски случај. Целта не е правдата, туку нејзино гушење”, потенцира Костовски.

XS
SM
MD
LG