Достапни линкови

За САД прекинот на огнот во дел од Сирија е важен чекор


Архивска фотографија-националниот советник за безбедност Х.Р. Мекмастер

Советникот за безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп рече дека договогорот за прекин на огнот во југозападна Сирија е важен чекор за можното воспоставување мир низ целата земја. Националниот советник за безбедностХ.Р. Мекмастер вчера рече дека утре на полноќ по локално време ќе почне намалување на ескалациите во тој дел од Сирија.Тој го нарече прекинот на огнот приоритет за САД и додаде дека администрацијата на Трамп е охрабрена од напредокот направен за да се постигне овој договор.

САД остануваат посветени на победата врз Исламска држава, помаѓањето за ставање крај на конфликтот во Сирија, намалување на страдањата и овозможување на луѓето да се вратат во своите домови, нагласи тој, додавајќи дека овој договор е важен чекор кон тие заеднички цели.

Одлуката да се воспостави зона во која ќе има прекин на огнот беше објавен на седми јули на самитот на Групата 20 што се одржа во Хамбурги ги инволвира САД, Русија и Јордан.

XS
SM
MD
LG