Достапни линкови

Усвоена заедничката изјава на лидерите на Г-20


Германија-лидерите на групата 20 на состанок во Хамбург

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска осигура клучни отстапки за трговијата и климата во финалното комунике од самитот на Групата 20 што се одржува во Хамбург. Германската канцеларка Ангела Меркел ова го нарече потреба од компромис.

По дводневниот самит на кој зовреа тензиите за прашањата за трговијата и климата, 19 други членки на групата индустриски и економски најразвиени земји во финалната изјава ја објавија одлуката на Вашингтон под претседателство на Доналд Трамп за повлекување на САД од договорот за климатски промени постигнат во Париз во 2015 година.

Зборувајќи пред новинарите на вториот и последен ден од самитот Меркел рече дека е многу среќна дека сите други членки се согласиле дека договорот од 2015 година од Париз е неотповиклив. Опишувајќи ги преговорите за климата и за други прашања како комплицирани Меркел рече дека нејзината улога како домаќин вклучувала помагање за постигнување компромис, додавајќи дека групата може да постигне повеќе заедно отколку земјите сами.

Трговијата беше друго прашање за кое имаше несогласувања за време на разговорите, а во конечната изјава се остава простор за Трамп да го тука својот трговски план од програмата “Америка прва”.

XS
SM
MD
LG