Достапни линкови

За ВМРО-ДПМНЕ владата е цензорска, за СДСМ се работи за саботажа


Илустрација

Медиумите не се и не смеат да бидат третирани како политички непријатели, а уште помалку да се ограничува нивното работење и пристапот на информации, реагираа денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата бара сите новинарски и медиумски здруженија да ја осудат постапка на Владата која, според Коче Гаврилов, член на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, селективно забранила пристап од компјутерите на вработените до порталите Курир, Инфомакс, Јавно, ТВ Нова и уште десетина други медиуми.

“Овој тоталитарен потег е спротивен на сите демократски и европски вредности”, изјави Гаврилов пред Владата.

Toj тврди дека ова отворало сомнеж дека Владата на премиерот Зоран Заев во пресрет на, како што рече, антидржавните потези кои планира да ги спроведе, имала намера да ги замолчи медиумите кои не се согласувале со нивната политика.

Од СДСМ реагираа преку писмено соопштение наведувајќи дека “ниту една саботажа, конструкција и лицемерна загриженост за медиумите, не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години вршеше пропаганда и хајка против неистомислениците, грубо погазувајќи ги демократските принципи”.

Според СДСМ, новата Влада не отстапува од декларираниот принцип на отчетност, отвореност, одговорност и транспарентност како врвни демократски вредности, што за ВМРО-ДПМНЕ, како што наведува, остануваат непозната категорија. Од партијата, исто како од владата вчера, тврдат дека се работи за обид за саботажа од страна на поединци во Владата.

XS
SM
MD
LG