Достапни линкови

Министерката за надворешни работи на Австралија во посета на Македонија


Aрхивска фотографија-Џули Бишоп, министерката за надворешни работи на Австралија

Министерката за надворешни работи на Австралија Џули Бишоп од утре до 15 јули престојува во посета на Источна Европа во чии рамки ќе ја посети и Македонија. За време на посетата, Бишоп, како што се најавува на официјалната веб страница на австралиското МНР, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и со претставници на невладини организации кои работат со финансиска поддршка помош на Владата на Австралија. Ова е прва посета на министер за надворешни работи на Австралија на Република Македонија. Во рамки на посетата на регионот Бишоп ќе престојува и во Хрватска и Србија, а посетите имаат за цел зајакнување на билатералните односи и подобрување на економските и безбедносни интереси на Австралија во регионот.

XS
SM
MD
LG