Достапни линкови

Лидерите на Г-20 се уште се усогласуваат за климатските промени


Германија-канцеларката Ангела Меркел со рускиот претседател Владимир Путин и францускиот Емануел Макрон, 08.07.2017

Светските лидери постигнале напредок за заедничката нацрт изјава од состанокот на Групата 20 што се одржува во Хамбург, но за делот за климатски промени се уште има несогласувања,велат за Радио Слободна Европа, претставници на Европската унија запознаени одблиску со преговорите. Тие наведуваат дека се уште остануваат несогасувањата за јазикот поврзан со климатските промени кој треба да биде усогласен денеска.

Преговорите беа проследени со уште една вечер на насилни протести на антиглобалистите и судири меѓу нив и полицијата кои фрлија сенка на самитот на лидерите на светските најиндустриализирани и силни економии.

Меѓу присутните се и американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот Владимир Путин, кинескиот Кси Џинпинг и други европски и азиски лидери. Домаќинката на самитот, германската канцеларка Ангела Меркел рече дека преговарачите се уште имаат работа во формулирањето на завршната изјава која треба да биде објавена подоцна денеска.

XS
SM
MD
LG