Достапни линкови

Грција-уаспени осум лица за убиството на американскиот турист


Илустрација-грчки полицајци

Грчката полиција денеска соопшти дека уапсиле осум лица, од кои шест држвјани на Србија, за поврзаност со убиството на американскиот турист кој беше претепан до смрт во бар на островот Закинтос. Полицијата соопшти дека ги привеле Србите откако ги прегледале снимките од безбедносните камери. Приведени се и еден Грк кој бил шанкер и вратарот со британско државјанство кој имал српско потекло. Осумината се осомничени дека го претепале 22 годишниот афроамериканец Бакари Хендерсон во раните утрински часови на седми јули во туристичкото место Лаганас.
Полицијата соопшти дека Хендерсон бил со група пријатели кои се спречкале со Србите. Од таму додаваат и дека двете групи биле пијани.
Хендерсон се здобил со тешки повреди на главата а смртта била констатирана откако бил примен во болница.

XS
SM
MD
LG