Достапни линкови

Стариот град во Мосул ослободен од Исламска држава


Архивска фотографија-ирачките војници во Мосул

Портпаролот на ирачката војска рече дека ирачките владини сили поддржани од САД ја преземале контролата над стариот град во Мосул, последната област која беше под контрола на Исламска држава. Ние сме на само неколку метри од реката Тигрис, напредокот на ирачката војска поддржана со воздушни напади е одличен, рече бригадниот генерал Јехиа Расул денеска за државната телевизија.
Неговата изјава доаѓа истовремено со извештаите дека владините сили се очекува да ја преземат целосната контрола над Мосул кого милитантите од Исламска држава го заземаа во 2014 година. Офанзивата за преземање на Мосул од ИД почна во октомври. Ирачките сили објавија дека источниот дел од градот е целосно ослободен во јануари.

XS
SM
MD
LG