Достапни линкови

Германскиот дипломат Рот во посета на Македонија


Архивска фотографија-државниот министер за Европа на Германија Михаел Рот

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија Михаел Рот од недела до вторник ќе пристигне во посета на Македонија и Србија.

“Беше крајно време да бидат надминати блокадите во поранешната југословенска Република Македонија. Задоволен сум од првичните надежни сигнали од новата влада. Премиерот Заев кажа јасно дека сака темелно да се занимава со интеграцијата во ЕУ и дека е искрено заинтересиран за регионално помирување, се вели во информацијата од германското МНР пред посетата, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Рот прво ќе го посети Белград, а потоа ќе пристигне во Скопје. Во Белград ќе има средба со премиерката Ана Брнабиќ, како и со министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ. Рот ќе се сретне и со претставници на невладиниот сектор во Србија.

По Белград Рот патува во Скопје каде што новата влада ја почна својата работа по изборите во декември. Формирањето на владата беше долго и тешко, се вели во информацијата од германското МНР во која не се наведува со кого ќе се сретне германскиот дипломат во Македонија.

Михаел Рот е еден од највлијателните дипломати во германското МНР, тој е член на германските социјалдемократи и еден од најблиските соработници на министерот за надворешни работи Зигмар Габриел, које дел од кампањата на СПД за сојузните избори закажани за септември, а учествува и во меѓународната медијација за кризата во Катар.

XS
SM
MD
LG