Достапни линкови

Хамбург-полицијата во борба да го стави под контрола насилството


Германија- Полицијата се обидува да ги расчисти улиците од демонстранти за време на самитот на Г20, 07.07.2017

Полицијата се бореше да го стави под контрола насилството на улиците додека светските лидери вечераа заедно и го следеа концертот на класична музика на првиот ден од самитот на Групата 20 (Г20) вчера. Чад се прошири во воздухот над германскиот град Хамбург од оганот што го запалија мали групи демонстранти на антиглобалистичкиот протест на кој имаше околу 100 000 луѓе.

Тие запалија дваесетина автомобили и поставија барикади околу огнот додека германската канцеларка Ангела Меркел, претседателите на САД Доналд Трамп и на Русија Владимир Путин и другите лидери ја слушаа 9-тата симфонија на Бетовен. По хаотичниот ден, силно вооружената полиција со оклопни возила, водени топови, солзавец се чини дека утринава ги исчисти улиците.

Околу 200 од речиси 20 000 полицајци што беа распоредени на улиците имаат помали повреди, а полицијата уапси десетици лица по дводневните судири во Хамбург. Дваесетина демонстранти исто така се повредени.

XS
SM
MD
LG