Достапни линкови

Времето денеска сончево и топло


Илустрација

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повеќе облачност ќе има во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе биде поизразен. Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 31 до 37 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9. Во Скопје слично време, сончево и потопло, со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 36 степени.

XS
SM
MD
LG