Достапни линкови

Контранапад на милитантите во Мосул


Мосул, Ирак, 7 јули, 2017.

Милитантите на Исламската држава (ИД) започнале контранапад во стариот град во Мосул и во едно село јужно од градот, при што загинале неколку луѓе, меѓу кои и двајца ирачки новинари кои известувале од настаните. Од ирачката Армија велат дека милитантите се закануваат дека ќе повратат територии кои владините сили претходно ги зазедоа.

Еден ден претходно, силите на ирачката влада објавија дека пробиле низ последната голема одбрана на милитантите.

Ирачките сили офанзивата за заземање на Мосул ја почнаа лани во октомври.

XS
SM
MD
LG