Достапни линкови

Четирите арапски земји со нови мерки против Катар


Доха, Катар, 15 јуни, 2017.

Четирите арапски земји, кои воведоа бојкот против Катар, најавија нови неодредени мерки против малата држава од Персискиот Залив, поради наводните врски со меѓународниот тероризам.

Во денешното соопштение, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Бахреин го обвинија Катар дека продолжува со „политиката насочена кон дестабилизација на безбедноста во регионот“. Тие најавија дека „ќе ги преземат сите неопходни политички, економски и правни мерки“ против Катар кога ќе дојде време, но не прецизираа што може да бидат тие мерки.

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека државниот секретар Рекс Тилерсон ќе го посети регионот во обид да посредува во решавањето на конфликтот.

Четирите земји минатиот месец ги прекинаа дипломатските односи со Катар поради наводната поддршка на Доха за исламистичките екстремисти и нивните врски со регионалниот ривал Иран. Тие составија листа од 13 барања и се заканија со дополнителни санкции ако Катар не ги исполни. Меѓу барањата се и прекин на финансиската помош за тероризмот, затворањето на телевизијата Ал Џазира, прекин на повеќето врски со Иран и затворањето на турската воздухопловна база. Катар ги негираше обвинувањата и ги обвини четирите земји за „чиста агресија“, велејќи дека обвинувањата „се јасно дизајнирани да создадат анти-Катарско чувство на Западот“.

XS
SM
MD
LG