Достапни линкови

Во Софија ќе се финализираат детали од Договорот за добрососедство


Премиерот Зоран Заев се сретна со неговиот бугарски колега Бојко Борисов во Софија 20 јуни 2017

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, изјави дека се надева оти договорот за добрососедство со Македонија ќе биде потпишан во август, пренесува БТА.

Захариева посочи дека процесот е долг и започнал уште во 2008 година, а досега минал низ 11 круга преговори, како и дека Бугарија секогаш била отворена, но не секогаш добивала иста таква реакција од страна на претходните македонски влади.

„Документот ќе биде потпишан во два примерока, на двата официјални според уставите на Бугарија и Македонија јазици. Таа точка е непроменлива, повеќе компромиси нема каде да правиме“, изјави Захариева.

На новинарско прашање дали ќе има заедничка прослава на Илинденското востание, Захариева одговорила дека потпишувањето на договорот би било многу јасен знак за тоа дека Македонија во пракса сака да го промени својот однос кон Бугарија.

Утре во Софија, Захариева се среќава со македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров, за да финализираат сите детали од Договорот за добрососедство.

XS
SM
MD
LG