Достапни линкови

Судот не знае како обвинетите во Титаник ги дознале судиите


Во случајот Титаник за изборни измами, СЈО побара притвор за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Судот не знае како обвинетите во случајот „Титаник“ и нивните адвокати ги дознале имињата на судиите од тричлениот совет кои требаше да одлучуваат за барањето на СЈО за притвор на поранешни високи функционери, информира денеска Основниот суд Скопје 1. Медиумите претходно објавија дека одбраната побарала иземање на еден од судиите од тричлениот совет и на негово место е назначен друг, што ќе гласа против притвор на обвинетите. Судскиот совет треба да е таен.

По барање на одбраната, изземен е судијата Дарко Тодоровски, а на негово место во советот е определен Марин Станевски, но записникот за тоа кој како гласал за барањето за притвор е таен. Судот посочува дека доколку странките сметаат дека има некакви нерегуларности, може да се жалат до повисок суд.

Во случајот Титаник за изборни измами, СЈО побара притвор за поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за поранешните министри за транспорт и врски и за внатрешни работи, Миле Јанакиески и Гордана Јанкуловска и за поранешните генерални секретари на владата, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски, но судот им ги одби барањата и наместо тоа, како мерка на претпазливост, на обвинетите им ги одзеде пасошите. СЈО за овој случај поднесе жалба до Апелациониот суд.

XS
SM
MD
LG