Достапни линкови

Џафери - ВМРО-ДПМНЕ создава дилема кај електоратот дали е единствена


Претседателот на Собранието, Талат Џафери не сакаше да го коментира потегот на ВМРО-ДПМНЕ да формира десет пратенички групи. Џафери само рече дека Деловникот дозволува да се формира пратеничка група од пет пратеници, но дека во овој случај се создава дилема кај нивниот електорат дали тоа е единствена политичка партија или имаат внатрешни проблеми, па затоа не сака да го коментира овој потег. Тој во изјава за медиумите вели дека е рано да се зборува дали овој потег на ВМРО-ДПМНЕ има за цел блокада на Собранието. Претседателот на Собранието вели дека институцијата на чие чело е тој мора да биде во функција. Што се однесува до менување на Деловникот, Џафери вели дека тоа е последна опција и дека за такво нешто е потребен политички консензус. Тој им оставил на политичките партии да се договорат за изборот на потпретседатели на Собранието.

XS
SM
MD
LG