Достапни линкови

Oбвинети осум луѓе за кражбата во Тутунска банка


Скопското Јавно обвинителство поднесе обвиненија за осум луѓе поврзани со грабежот во Тутунска банка. Во соопштението од Обвинителството се наведува дека првите четворица обвинети опфатени во Обвинителниот акт, со умисла и во неколку наврати, искористувајќи ја својата работна позиција и познавање на процесите на работата во банката, противправно присвоиле 400.000 швајцарски франци и 375.000 евра. Подоцна биле украдени уште 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра.

Надлежниот обвинител до судот, како што се посочува, доставил Обвинителен акт против првите четворица, од кои за тројца и предлог за продолжување на мерката – притвор, а за едно лице во сила се веќе определени мерки на претпазливост.

Надлежниот обвинител достави и Обвинителен предлог против останатите четворица, на кои како одговорни лица во банката овозможиле да дојде до грабежот. За едно од лицата опфатени со Обвинителниот предлог, определените мерки на претпазливост остануваат во сила, стои во соопштението.

XS
SM
MD
LG