Достапни линкови

Убиени 26 војници во два бомбашки напади во Египет


Припадник на безбедносните служби на Египет на контролен пукт кој бил цел на напад во мај, годинава.

Египетските власти соопштија дека во два самоубиствени напади со автомобил бомба врз безбедносен во северниот дел на полуостровот Синај загинале 26 војници. Нападите се случиле јужно од градот Рафах на границата со појасот Газа.

Во тој регион милитантите на Исламската држава се борат против египетските безбедносни сили. Во борбите досега загинаа стотици луѓе откако египетската армија го собори претседателот Мохамед Морси и спроведе операции против неговите поддржувачи.

XS
SM
MD
LG