Достапни линкови

Франција и Русија заеднички против екстремизмот


Министрите за надворешни работи на Франција и на Русија Жан Ив Ле Дриан и Сергеј Лавров

Министрите за надворешни работи на Франција и на Русија Жан Ив Ле Дриан и Сергеј Лавров по разговорите во Париз ветија дека ќе ги стават настрана разликите меѓу двете земји и заеднички ќе се борат против екстремизмот. „Меѓународниот тероризам е наш непријател број еден и борбата против него навистина значи дека се друго треба да биде ставено настрана“, изјави Лавров. Неговиот француски колега наведе дека борбата против тероризмот е важно прашање за националната безбедност на двете земји.

XS
SM
MD
LG