Достапни линкови

Меркел се надева на компромисни решенија на самитот на Г20


Германската канцеларка Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази надеж дека на самитот на Групата 20 индустриски најразвиени земји ќе бидат постигнати компромиси и одговори за низа прашања што се на масата на овој дводневен собир во Хамбург. Меркел најави дека ќе бидат разгледани многу прашања, меѓу кои, регулирањето на финансиските пазари, борбата против тероризмот и климатските промени. Според неа, во глобализацијата не мора секогаш да постојат „победници и поразени“.

XS
SM
MD
LG