Достапни линкови

„Европска личност на годината“ за премиерот Заев


Претседателот на владата на Македонија Зоран Заев

Претседателот на владата на Македонија Зоран Заев доби специјално признание „Европска личност на годината" и „Носител на позитивни промени во регионот" на манифестацијата „Најменаџер и најкомпанија за 2017" во Сараево. Признанијата се за ангажирање по прашања од политиката, бизнисот и економијата, развивање и јакнење на пријателски, регионални и меѓународни соработки, како и за создавање услови за унапредување и подобрување на животот кај граѓаните. Премиерот Заев присуствуваше на традиционалниот бизнис собир, што се одржува 36. пат во Сараево, во организација на Независната европска агенција, Европско здружение на менаџери и списанието Еуроменаџер, на која годинава доби признание како премиер, а лани ја доби наградата за најдобар градоначалник во Југоисточна Европа за 2016 година.

XS
SM
MD
LG