Достапни линкови

Десетици повредени на протестите во Хамбург


Од протестите против Г20, Хамбург, 06.07.2017.

Десетици полицајци и демонстранти биле повредени на протестите ден пред почетокот на самитот на Г20 во Хамбург. Полицијата се судри со учесниците на антикапиталистичките демонстрации во близина на местото на собирот. Притоа беа употребни водени топови за растерување на демонстрантите со црни маски на лицата кои почнале да фрлаат шишиња врз полицајците. До судири дошло откако некои од демонстрантите почнале да кршат стакла на прозорците и да палат автомобили. Во Хамбург се собраа околу 100 илјади демонстранти, а околу 20 илјади полицајци го обезбедуваат самитот.

XS
SM
MD
LG