Достапни линкови

Собранието утре ќе ја продолжи шестата седница


Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина денешната шеста седница и закажа нејзино продолжение за утре во 11 часот, откако пратениците расправаа за предлог за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, а на дневен ред на оваа седница е и точката за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Омбудсманот Иџет Мемети во образложението посочи дека новиот Закон за Народниот правобранител не ги оствари во целост потребите за финансиска независност на оваа инситуцијата, ниту во него беа вградени препораките на Прибе, а една од клучните препораки била воведување на казни за тие што ја попречуваат работата на народниот правобранител, но и формирање ад хок анкетни комисии за предмети и случаи што би ги покренувала оваа институција.

По обраќањето на Мемети, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ три пати по ред побараа паузи, две од половина час и една од еден час за да ги видат стенограмите од обраќањето на Мемети при што побараа и извинување од него.

На тоа реагираше Џафери кој посочи дека е јасна намерата на ВМРО-ДПМНЕ со формирањето на десете пратенички групи и постојаното барање од нивните координатори за пауза при што ја прекина седницата и продолжението го закажа за утре.

XS
SM
MD
LG