Достапни линкови

СЈО со жалба до Апелациониот суд за предметот „Титаник“


Архива - Прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство - СЈО.

Специјалното јавно обвинителство поднесе жалба до Апелациониот суд на одлуката на Основниот суд Скопје 1, со која е одбиено барањето за притвор за осомничените во случајот познат во јавноста како „Титаник.“ Тоа значи дека СЈО се жали за неодредувањето притвор за обвинетите во случајот Никола Груевски, Мартин Протугер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска.

Во предметот „Титаник“ се обвинети поранешните функционери дека ги злоупотребиле изборите и гласањето за да победи одредена политичка партија.

XS
SM
MD
LG