Достапни линкови

Трамп ја пофали Полска како долгогодишен сојузник на САД


Претседателот Доналд Трамп за време на говорот во полска. 06.07.2017

На историскиот плоштад во Варшава американскиот претседател Доналд Трамп ја пофали Полска како долгогодишен сојузник на САД која е „пример за другите кои бараат слобода и кои посакуваат да ја повикаат храброста и волјата да ја бранат нашата цивилизација.“

Претходно трамп изјави дека САД се посветени на одржувањето на мирот и безбедност во централна Европа и дека земјата соработува со Полска како одговор на активностите на Русија и нејзиното дестабилизирачко однесување. Говорејќи по средбата со полскиот претседател Анджеј Дуда, Трамп исто така ја реафирмираше посветеноста на Вашингтон на НАТО алијансата.

XS
SM
MD
LG