Достапни линкови

Џонсон бара Кина да врши притисок врз Северна Кореја


Британскиот секретар за надворешни работи Борис Џонсон.

Британскиот секретар за надворешни работи Борис Џонсон изјави дека тестирањето на интерконтинентална балистичка ракета од страна на Северна Кореја кое беше спроведено во оваа недела е невнимателено и нелегалено и е важно светот да застане заедно против таквите активности на Пјонгјанг.

Според него, Кина мора да преземе дополнителни чекори против Северна Кореја поради нејзината нуклеарна програма. Тој смета дека иако има промена во ставот на Кина кон Северна Кореја со која има економска соработка, притисокот врз земјата треба да се зголемува.

XS
SM
MD
LG