Достапни линкови

Полска купува антиракетен систем од САД


Дел од антиракетниот систем „Патриот“

Во Варшава синоќа во рамките на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Полска е потпишан меморандум со кој САД одобруваат испорака на антиракетниот систем Патриот во најсовремена верзија каков користи и американската армија, соопшти полскиот министер за одбрана Антони Мациеревич. „Овој систем може да биде одговор на руските ракети „Искандер“, рече тој додавајќи дека Полска сака да се снабди со осум батерии „Патриот“. Првите две би стигнале во 2019 година.

XS
SM
MD
LG