Достапни линкови

Турција распоредува големи сили на границата со Сирија


Турски војник на границата со Сирија-архивска снимка

Десетици илјади луѓе протестираа во северниот сириски град Африн поради страхувањата дека Турција би можела да го нападне граничниот регион кој е под контрола на Курдите. Според Сириско курдските сили за народна заштита, разместувањето на големи турски сили во близина на границата претставува прогласување на војна до која би можело да дојде во наредните неколку денови. Турскиот заменик премиер Нуман Куртулмуш ги отфрли оценките дека Турција се подготвува на војна, наведувајќи дека трупањето сили е со цел да се спречат можните закани по безбедноста на земјата. Во изминативе денови двете страни разменија артилерски оган.

XS
SM
MD
LG