Достапни линкови

Арапските земји налутени поради негативниот одговор на Катар


министерот за надворешни работи на Катар шеик Мохамед бин Абдулрахман ал Тани

Четири арапски земји изразија лутина поради негативниот одговор на Катар на нивната листа од 13 барања, но не воведоа дополнителни санкции против таа земја која ја обвинуваат за врски со меѓународниот тероризам. Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет соопштија дека одговорот на Катар на нивните барања бил „несериозен“ и „бесмислен“. Овие четири земји во минатиот месец ги прекинаа дипломатските односи со Катар и побараа таа земја да ја прекине финансиската поддршка на тероризмот, да ја затвори телевизиската мрежа Ал Џезира, да ги прекине односите со Иран и да ја затвори турската воздухопловна база во земјата.

XS
SM
MD
LG