Достапни линкови

Собранието ја продолжува шестата седница


Седница на Собранието на Република Македонија

Македонското собрание денеска во 12 часот ја продолжува шестата седница на чиј дневен ред, меѓу другото, е и разрешувањето на јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски. Седницата вчера заврши откако беше исцрпена општата расправа заизбор на Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација. Претходно пратениците ја усвоија Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија, како и предлог-одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG