Достапни линкови

Доналд Трамп пристигна во Полска


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна синоќа во Варшава како почесен гостин на денешниот самит на иницијативата „Три мориња“, стопанско и инфраструктурно поврзување на 12 земји од средна и источна Европа. Домаќини на собирот се хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и полскиот претседател Анджеј Дуда. Трамп на плоштадот Крашињски ќе одржи говор при што ќе ја нагласи храброста на Полска во борбата за слобода во најцрните денови на историјата. По престојот во Варшава, Трамп заминува во Хамбург каде што утре почнува самитот на Групата 20 економски најразвиени земји во светот.

XS
SM
MD
LG