Достапни линкови

Во петок седница на Владата за ребаланс на буџетот


Седница на Владата на Република Македонија.

Премиерот Зоран Заев очекува ребалансот на Буџетот да биде донесен пред 2 август.

Како што изјави денеска, одговорајќи на новинарски прашања по работната средба во Стопанската комора, владината седница за ребалансот е закажана за петок, во 9 часот наутро.

"Знаеме дека 20 дена ова прашање мора да биде отворено, десет дена дебата пред собраниската Комисија и пет дена максимум за пленумот. Верувам дека пред 2 август ребалансот на Буџетот ќе биде донесен" истакна Заев.

Toј дополни дека продолжува соработката со странските финансиски институции, а оти намерата на Владата е да повлекува пари и кредити само за инфраструктурни и развојни проекти.

"Соработката со странските финансиски институции, ЕБРД, Европската инвестициска банка, Светска банка,..., кои се пријатели на Македонија, ќе продолжи, а за нас е важно брзо испорачување пари, што е можно поевтини и проследени со одредени грантови", изјави Заев по работната средба

XS
SM
MD
LG