Достапни линкови

Бугарија - Нема официјална информација за одлагање на договорот за добрососедство со Македонија


Премиерот на Бугарија Бојко Борисов

Mинистерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева на седницата на Комисија за надворешна политика на бугарското Собрание изјави дека нема официјална информација дека се одлага потпишувањето на договорот за добрососедство со Македонија

Таа рече дека претстои финален круг од преговорите додавајќи дека бугарските влади од 2012 година следат една иста политика по однос на догворот за добрососедство.

Министерката Захариева наведе дека македонскиот премиер Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров спомнале за средбата во Црна Гора, но дека се уште нема точен термин.

"Поради тоа, немаме официјална информација дека се откажува потпишувањето, важно е договорот да се склучи и да постигнеме усогласување за текстот" коментираше Захариева.

Како што јавија медиумите во Бугарија , министерката за надворешни работи Захариева тврди дека се останати за прочистување во текстот некои технички детали, кои се надева дека ќе завршат викендов

XS
SM
MD
LG