Достапни линкови

За Заев предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за јавниот обвинител е лицемерен


Премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата.

Премиерот Зоран Заев денеска го оцени како лицемерен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, јавниот обвинител да се избира од опозицијата. Според него, сега на Македонија и е потребно спроведување на реформите и да се најде најдобриот експерт кој може да биде избран за државен обвинител. Заев додаде дека тие ветиле оти по втората година, на предлог на опозицијата ќе се избира јавен обвинител. Новата влада, како што порача тој треба да покаже на дело дека навистина е за враќање на правната држава.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денеска побара измени во Законот за јавно обвинителство. Според него, партијата бара државниот јавен обвинител да биде предложен од страна на опозицијата и наместо со просто мнозинство, тој да се избира со двотретинско мнозинство.

XS
SM
MD
LG