Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ бара јавниот обвинител да го предлага опозицијата


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денеска побара измени во Законот за јавно обвинителство. Според него, партијата бара државниот јавен обвинител да биде предложен од страна на опозицијата и наместо со просто мнозинство, тој да се избира со двотретинско мнозинство.

Димовски порача дека со тоа ќе се обезбеди поголема инклузивност. На дневен ред денеска во собранието е разрешувањето на државниот обвинител Марко Зврлевски.

XS
SM
MD
LG