Достапни линкови

Тачи очекува дијалогот да резултира со историски договор со Србија


Претседателот на Косово, Хашим Тачи

Претседателот на Косово, Хашим Тачи порача дека дијалогот меѓу Белград и Приштина наскоро ќе заврши со постигнување на историски договор меѓу двете страни. Тачи во интервју за Еј-Би-Си њуз ги повика и сите политички субјекти на Косово да се придружат во процесот на дијалог.

Според него, време е да се отвори нова фаза од дијалогот на повисоко политичко ниво, кој ќе води до целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, што, како што истакна, е во интерес на луѓето од регионот и е во инетерс на добрососедските односи и помирувањето.

XS
SM
MD
LG