Достапни линкови

Во експлозија на бомба во Авганистан шест жртви


Жртва од бомбашки напад во Авганистан.

Авганистанските власти соопштија дека шест цивили загинале од експлозија на бомба поставена покрај патот во западната покраина Фара. Според властите, експлозијата се случила додека жртвите патувале со камион, а меѓу нив има и деца. Шест други лица биле повредени во нападот. Талибанците поставуваат илјадници импровизирани експлозивни направи низ земјата со цел да ги попречат движењата на војниците во земјата.

XS
SM
MD
LG