Достапни линкови

Иванов на форумот Кран Монтана во Барселона


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Претседателот Ѓорге Иванов од денеска до 7 јули ќе престојува во работна посета на Шпанија каде ќе земе учество на 28. годишна сесија на форумот Кран Монтана во Барселона. Тој е придружуван од неговата сопруга Маја Иванова. Иванов, како што информира неговиот Кабинет, ќе се обрати на официјалната сесија на отворањето на форумот на тема „Каков свет за иднината? Стратегии за стабилност во непредвидлива средина – кон нов начин на управување“.

Во фокусот на форумот ќе биде производството на енергија, климатските промени, мигрантската криза, зајакнувањето на улогата на жената во општеството и можностите за соработка на Медитеранот, Африка и Блискиот Исток.

XS
SM
MD
LG