Достапни линкови

Четири нови земјотреси во Охрид


Четири нови земјотреси од кои најсилниот со сила од 3,8 степени по Рихер се регистрирани во текот на изминатата ноќ во охридското епицентрално подрачје. Изутрината во 4:29 часот е почувствуван најсилниот од четирите земјотреси на длабочина од 1 километар. Од 18-ти минатиот месец до денеска во охридскиот регион се регистрирани над 1.000 земјотреси. Најсилниот беше завчера во 13:18 часот со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, кој предизвика вознемиреност кај жителите и туристите, а пријавени се и помали материјални штети.

XS
SM
MD
LG