Достапни линкови

Германија страхува од руско влијание врз изборите


германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мазиер

Германија очекува Русија да се обиде да влијае врз општите избори во септември со цел поткопување на вербата во германската демократија, а не поддршка на некој од кандидатите, изјави германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мазиер на прес конференција во Берлин. „Видовме веројатно влијание врз изборите во Америка, видовме веројатно влијание врз изборите во Франција. Постојат сите причини да веруваме даке тоа дојде од Русија и затоа не можеме да исклучиме дека ќе нема такви обиди и во Германија“, рече тој. Русија постојано ги отфрла ваквите обвинувања.

XS
SM
MD
LG