Достапни линкови

Борбите за ирачкиот град Мосул продолжуваат


Ирачките сили на околу 250 метри од реката Тигар, Мосул, 04.07.2017.

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади вчера им ја честита „големата победа во Мосул“ на ирачките сили кои дојдоа на околу 250 метри од реката Тигар, додека тешките борби во стариот дел на градот продолжуваат со жесток отпор од страна на милитантите на Исламската држава. Ал Абади во минатата недела, кога ирачките сили ја зазедоа познатата Голема џамија во градот изјави дека тоа претставува крај на калифатот што пред три години токму во таа џамија го прогласи лидерот на ИД Абу Бакр ал Багдади. Ирачките сили офанзивата за заземање на Мосул ја почнаа во октомври лани.

XS
SM
MD
LG