Достапни линкови

САД: ракетниот тест на Северна Кореја „нова ескалација“


Снимка од пробата на интерконтиненталната ракета Хвасонг 14, 04.07.2017.

Вашингтон потврди дека Северна Кореја тестирала интерконтинентална балистичка ракета и предупредија на „нова ескалација на закани“ кон Соединетите држави и сојузниците. Пентагон и државниот секретар Рекс Тилерсон потврдија дека Пјонгјанг направил напредок во технологијата со која ваквиот тип ракети можат да носат големи нуклеарни глави, како например хидрогенски бомби. Тилерсон повика на меѓународна акција, наведувајќи дека „САД никогаш нема да прифатат нуклеарно вооружена Северна Кореја“.

XS
SM
MD
LG