Достапни линкови

Чавушоглу-турските војници ќе останат на Кипар


Архивска фотографија-министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека турски војници ќе останат на Кипар под кој било договор за повторно обединување на етнички поделениот остров. Чавушоглу нагласи дека Турција нема да прифати мировен договор со кој би се барало целосно повлекување на турската армија од Кипар, што е клучно барање на Грција и меѓународно признатиот дел на Кипар, каде живеат Грци. Тој истакна дека „оние кои сонуваат дека турската армија треба да замине од Кипар, би требало да се разбудат“. Шефот на турската дипломатија нагласи дека укинувањето на правото за воена интервенција на Кипар не е почетна точка за Турција.

XS
SM
MD
LG