Достапни линкови

Пожари во близина на Тиват и Подгорица


Илустрација-шеталиштето во Тиват, Црна Гора

Во црногорското туристичко место Тиват беснеат околу 20 пожари, а се спроведува и превентивна евакуација на позната плажа и туристичкиот комплекс Сини хоризонти, јавува МИА повикувајќи се на српски медиуми. Пожарникарите им наредија на туристите итно да ја напуштат плажата поради огнот, кој се повеќе се шири кон туристичкиот комплекс. Тие од вчера со борат со пожарот, кој изби во борова шума во близина на Сини хоризонти. Ситуацијата таму се менува драматично на секој час. Во гаснењето на пожарите се ангажирани и авиони. Во главниот град на Црна Гора, Подгорица се активни 20 пожари, но нема закана за жителите и објектите. Силниот ветер го отежнува гаснењето на пожарите, соопшти црногорската противпожарна служба.

XS
SM
MD
LG