Достапни линкови

По 17 години Фолксваген се враќа на иранскиот пазар


Илустрација- Фолксваген поло

Германската автомобилска компанија Фолксваген соопшти дека по 17 години се враќа на иранскиот пазар. Во денешното соопштение на компанијата се наведува дека тие ќе продолжат со продажбата на автомобили во Иран од идниот месец по потпишувањето на договорот со локалните увозници. Фолксваген е меѓу лидерите на автомобилскиот пазар во Европа, а престана со продажбата во Иран во 2000 година за време на меѓународните санкции против исламската држава. Француските автомобилски компании исто така ги објавија плановите за враќање на иранскиот пазар откако во јануари 2016 година беа тргнати економските санкции против Иран поради неговата нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG