Достапни линкови

ЕП со мерки за олеснување на извозот од Украина


Логото на Европскиот парламент.

Европскиот парламент денеска со големо мнозинство ја поддржа одлуката со која на Украина и се доделува привремена трговска преференца за некои земјоделски и индустриски производи. Мерките ќе важат за наредните три години почнувајќи од крајот на септември годинава. Предлогот беше поднесен од страна на Европската комисија со цел да се подобри пристапот на украинските извозници до пазарите на ЕУ.

Претставници на ЕУ за Радио Слободна Европа изјавија дека се надеваат оти мерките ќе помогат во развој на украинската економија која беше погодена по руската анексија на Крим и конфликтот во источна Украина.

XS
SM
MD
LG